Иако не се знае што точно го предизвикало овој деформитет, истражувачите теоретизираат дека меѓу главните причини се наоѓаат загадувањето на водените извори, промените во радијцијата и нејзиното влијание врз една мала популација.
Во Израел, дождалецот (salamander) е загрозен вид, главно поради факторите што го пореметиле неговото опстојување, како загадувањето на почвата и водата и уништувањето на неговото природно живеалиште.
Лабораторијата на проф. Блаустајн, веќе со години врши истражувања во обид да ги разбере биолошките механизми на оваа уникатна форма на живот, со цел да им помогне на властите одговорни за природата и парковите во зачувувањето на постоечката популација и за ревитализација на загрозената.
Според истражувачите, дождалецот претставува сигнал за општата здравствена состојба на животната средина. Бидејќи се исклучително чувствителни на загадувањата и промените во средината, тие први трпaт и оштетувања.
Ова е еден од многуте примери, кои ни ја покажуваат алармантната загаденост на средината во која живееме и треба да ни послужи за покревање на свеста и што поскоро преземање на мерки за заштита на средината и нејзините жители, во кои спаѓаме и ние, луѓето.