Пронајдена двоглава кобра во Кина

На почетокот, тој си помислил дека оваа змија ќе му донесе добра сума на пари, но наскоро сфатил дека змијата ниту јаде ниту пие вода, па решил да ја даде на специјалистите од зоолошката „Nanning“.

Змијата е многу мала, долга околу 20 см. и тенка како молив. Отприлика е родена пред околу 10 дена, изјавиле експертите од зоолошката.

Секоја глава си има свој мозок па двете половини може да се движат самостојно, а главите најчесто се доближуваат една до друга, како да се борат. Научниците објаснуваат дека тоа е така бидејќи типичната кобра се движи во форма на буквата „S“ па затоа главите природно се удираат.

Оваа змија би можела да порасне колку типичната кинеска кобра од околу 1,2 м. но докторите од зоолошката не се сигурни уште колку време ќе живее ако не почне самостојно да јаде.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt