Откриен нов диносаурус во Кина

Новиот вид и припаѓа на групата што се нарекува „mamenchisaurus“ познати по тоа што имаат екстремно долги вратови, чија должина понекогаш изнесува и половина од должината на нивните тела.

Кај повеќето сауроподи (или диносаурусите со долг врат) должината на вратот е околу една третина од должината на нивното тело. Овој диносаурус кој е наречен „Qijianglong“ (по областа во Кина каде е откриен) е долг околу 15 метри и живеел пред околу 160 милиони години, во доцниот Јура период.

Интересно е тоа што главата и вратот на животното биле најдени заедно, што ретко се случува кај диносаурусите со долги вратови. Главата на диносаурусите е многу мала и лесно се откачува откако животното ќе умре – велат палеонтолозите

Уникатно помеѓу „Mamenchisaurus“ – ите, вратните пршлени кај новиот вид диносаурус биле исполнети со воздух, што го прави вратот релативно лесен и покрај неговата енормна големина. Зглобовите помеѓу пршлените исто така укажуваат дека имале изненадувчки крут врат, кој можел полесно да се движи вертикално отколку странично, слично како градежните кранови.

„Mamenchisaurus“ – ите се пронајдени само во Азија, но откритието на „Qijianglong“ покажува дека можеби постојат разлики помеѓу нив, исто како што има помеѓу диносаурусите со долги вратови од различни континенти.

Научниците веруваат дека „Mamenchisaurus“ – ите еволуирале во многу различни форми, кога другите диносауруси со долги вратови исчезнале од Азија. Се’ уште е мистерија зошто тие не мигрирале на други континенти. Можно е тие да биле изолирани од некоја голема бариера како што е морската површина, а потоа да ја изгубиле битката со видовите што подоцна се населиле – откако била повторно воспоставена врска со копното.

Наодите се објавени во„Journal of Vertebrate Paleontology“

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt