Докторите може да бидат во можност да ги подобрат третманите за рак на грлото на матката кај пациентите со откривањето на нов подтип на болеста.
Иако сите видови на рак на грлото на матката се последица на долготрајната инфекција на хуман папилома вирусот, една студија во списанието „Oncotarget“ открива дека кај некои тумори кои содржеле ДНК од ХПВ вирусот, тој всушност бил неактивен, односно ракот бил предизвикан од ХПВ, но вирусот не ја насочувал прогресијата на ракот.
Во тие случаи, начинот на кој гените на туморот се изразени бил различен од случаите кога ХПВ бил активен. Можеби поради тоа тие „биле асоцирани со помал опстанок“ – можеби некои од овие разлики во тоа како гените на туморот се изразени „ги менувале патеките за кои насочените терапии биле достапни“, што значи дека ги немаат истите слабости како другите видови на рак на матката. Меѓутоа, сепак, авторите идентификувале генетски мутации во новиот подтип на ракот на грлото на матката кои можат да бидат насочени.
Според студијата, кај истражуваните пациенти, ракот со неактивен ХПВ бил одговорен за околу 8 проценти од туморите со вирусна ДНК, и тие се случувале кај постарите жени.
Според Националниот институт за рак, повеќето случаи на рак кои влијаат на патеката на женскиот репродуктивен систем, наречена грло на матката, започнуваат во тенките, рамни клетки кои го обложуваат.
Знаците за рак на грлото на матката се абнормално крварење или исцедок, надуеност и притисок или болка во пределот на карлицата или заднината/грбот и болеста често може да се излечи ако се открие рано.
Ракот на грлото на матката е само еден од неколкуте видови на рак кои може да се поврзат со ХПВ вирусот – вирус кој најчесто самостојно исчезнува и не предизвикува здравствени проблеми, известуваат од Центарот за контрола и превенција на болести.
Постојат вакцини за спречување на ширењето на ХПВ, но сепак тоа е најчестата сексуално пренослива болест – толку честа што речиси сите сексуално активни мажи и жени ја добиваат во текот на својот живот.
Истражувачите на новата студија од Универзитетот во Јужна Каролина се надеваат дека нивните наоди ќе доведат до подобар и поперсонализиран третман.
„Пациентите со рак на грлото на матката во моментов се третираат како една група што се базира на хемотерапија и режими на зрачење кои помагаат на поголемиот процент на лица. Меѓутоа, на една третина од овие пациенти стандардната терапија не им помага. Овие жени може да имаат корист од алтернативни третмани кои обично не се даваат на пациентите со рак на грлото на матката“- вели истражувачот Каролин Банистер во соопштението на универзитетот.
Банистер смета дека докторите треба да ги тестираат своите пациенти со рак на грлото на матката за да видат дали ХПВ е активен во нивните тумори.