Откриен нов вид на октопод кој наликува на дух

Океаните се едни од најмалку истражуваните и најмистериозните места на нашата Земја. Засега околу 95% од морското дно е неистражено, па ни останува само да замислиме што се’ може да има таму долу.

Тоа полека се менува, благодарение на напредокот на технологијата и развојот на ровери кои можат да одат се подлабоко.

На 27 февруари, истражувачкиот брод „Okeanos Explorer“ на Националната океанска и атмосферска управа ја заврши својата прва мисија во 2016 година која опфаќаше истражување на една област во Хавајскиот Архипелаг за да се соберат информации за морското дно помеѓу островот Некер и морскиот гребен Некер. Но, целата мисија беше попречена од појавата на мал, симпатичен октопод кој наликува на дух и можеби претставува сосема нов вид.

D2-ROV-ghost-octopus.jpg.838x0_q80Истражувачите го снимиле октоподот со помош на далечински управувано возило кое требало да собере примероци од морското дно на околу 4.290 метри под површината. Ова воедно е и најголемата длабочина на која е забележан ваков вид на мекотели.

1603incirrate-largerНаучниците сметаат дека се работи за нов вид, а можеби и сосема нов род, бидејќи овој октопод нема хроматофори – пигментни клетки кои се карактеристични за повеќето главоноги и се чини дека не е многу развиен. Поради неговиот изглед, на социјалните медиуми се појавија многубројни коментари кои предлагаат да се именува Каспер, како пријателскиот дух од цртаните.

https://www.youtube.com/watch?v=FDH5AXQ9iCk

Поддржете ја нашата работа: