Откриен нов вид на отровна змија во Австралија

Научниците со децении верувале дека сите отровни змии во Западна Австралија припаѓаат на ист вид. Сепак, при едно неодамнешно истражување кога направиле споредба со повеќе од десетина локални змии, од Западна Австралија и Северната област, откриле дека отровната змија Кимберли или „Acanthophis cryptamydros“ претставува посебен вид на отровница.

Змијата е со должина од околу 50 см. и главата и е во форма на дијамант. Има повеќе заеднички особини со пустинските отровни змии, отколку со нејзините најблиски генетски роднини кои обично живеат во шумиските предели.

Овие змии имаат исклучителна способност за камуфлажа и може да изгледаат како камен или куп лисја. Како и сите змии кои се екстремно отровни, така и оваа змија е предатор кој мирно лежи пред да го нападне својот плен. Омилен плен им се птици, гуштери и помали цицачи.

Се смета дека оваа змија е многу ретка и спаѓа во 10-те најотровни змии во светот.

Студијата е објавена во списанието „Zootaxa“.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt