Жолт снег ја покри Кина – кои се објаснувањата за овој феномен?

СПОДЕЛИ

Поединечни делови на северозападот во Кина се прекриени со “жолт снег”, феномен кој според објаснувањето на метеоролозите настанува со комбинација помеѓу снег и песочна бура.

Снегот со виснина од 10 до 20 сантиметри падна во саботата во неколку градови во Кина, а жителите на социјалните мрежи споделија слики од овој феномен.

Мештаните забележале дека површината на снегот е прекриена со слој од прашина, а одоздола се наоѓа бел снег.

Директорот на метеоролошкиот институт во Синџијанг Хе Чинг, објаснува за кинеската агенција Синхуа дека дошло до мешање на снегот со песочна бура.

“Од минатиот петок, многу места во Синџијанг се под влијание на моќен ветар. Во областа Карамај забележана е песочна бура. Силните ветришта донесоа песок кон југ до градовите вклучувајќи ги Уруми и Шанџи. Поради ниските температури, песокот паднал заедно со снегот”, вели Хе Чинг.

Дискусија

Коментари