Астрономите открија многу редок систем на пет поврзани ѕвезди. Системот се состои од две поврзани ѕвезди – бинарни системи, од кои едниот има придружник. Ова е првиот систем од ваков вид.
Парот ѕвезди орбитира околу заеднички гравитациски центар, но се многу оддалечени едни од други – 21 милијарда км. (што е повеќе од орбитата на Плутон околу Сонцето). Кај едниот бинарен систем, ѕвездите орбитираат премногу блиску што имаат заедничка надворешна атмосфера. Кај другиот се оддалечени околу 3 милиони км. Научниците забележале различните бранови должини на светлината, па така ја забележале петтата ѕвезда која е поврзана со втората бинарна ѕвезда.
Невообичаениот систем се наоѓа на оддалеченост од 250 светлосни години, во соѕвездието Голема Мечка. Откриен е преку податоците од проектот „SuperWASP“, кој користи релативно мали и евтини камери на Канарските острови и Африка за да го слика поголемиот дел од небото на секои неколку минути.