Откриен вирус што те прави “глупав”

Научниците откриле дека непознат вирус во грлото на некои луѓе е проследен со намалувањето на когнитивните перформанси, додека слични резултати добиле и кај лабораториски глувци кои ги инфицирале со вирусот, за кој претходно се мислело дека го има само во алгите.

Изненадувачки вирус

Научниците дошле случајно до откритието додека земале брис од грло кај луѓето со цел да изработат виром – генетски профил на сите вируси кои циркулираат низ нашите тела.

Во текот на анализата, истражувачите биле изненадени од  ДНК на вирусот „chlorella“ ATCV-1, честа појава во водните средини, но се мислело дека не може да зарази луѓе или животни но всушност, вирусот бил чест и истиот бил откриен во 40 од вкупно 92 испитаници.

Не се пронајдени посебни фактори како пол, возраст, раса и слично кои влијаат на шансите да бидете погодени од вирусот. За среќа на истражувачите, нивниот примарен експеримент вклучувал стандардизирани тестови за мерење на визуелната обработка и моторните вештини на учесниците. Со новата  варијабла, ATCV-1, веднаш е проверено дали новооткриениот вирус влијае на когнитивните перформанси.

Заклучокот е, испитаниците инфицирани со вирусот постигнуваат значително полоши резултати на когнитивните тестови во однос на неинфицираните.

Во понатамошни испитувања, инфицирале 30 глувци со ATCV-1 и  ги подложиле на серија тестови во лавиринт. Инфицираните глувци многу подолго време го истражувале лавиринтот отколку глувците во контролната група, објавија истражувачите во  „Proceedings of the National Academy of Sciences“.

Контрола на умот

Вирусот ATCV-1 е чест во повеќето внатрешни води, како што се оние околу Балтимор, каде што истражувањето било спроведено. Затоа, изложувањето на вирусот веројатно е честа појава, но зошто некои луѓе се склони кон инфекција, додека други не е се’ уште непознато. Одговорот на ова прашање, велат истражувачите, е цел на идните испитувања на ATCV-1. Во меѓувреме, тоа е фасцинантен пример за тоа како микробите може да влијаат на нашиот мозок.

 

Почитувани пријатели  моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk . Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас.

Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни!     

{loadposition like_article}

{simplepopup}

 

{/simplepopup}

Поддржете ја нашата работа: