Откриена античка гробница во Кина со мистериозни фрески

Новооткриената гробница, стара 1.400 години во Кина е преполна со необични фрески чие значење ги збунува научниците.

Археолозите откриле дека мотивите и конотациите, откриени во оваа гробница се комплетно уникатни. Не се видени во други гробници, дури ни во оние од истиот период.

Оваа гробница прв пат е откриена во градот Xinzhou. Тимот од провинцискиот археолошки институт вршел ископувања во 2013та и 2014та година и открил дека речиси целосно е ограбена. Постојат само некои делови, како некои ходници кои останале недопрени. За среќа необичните фрески останале цели.

Повеќето од сликите се пронајдени во овие гробници и денес ги збунуваат научниците. Голото божество е идентификувано како господар на ветрот, но и ако знаат што значи, научниците не го споделиле одбаснувањето за голото божество кое трча кон собата со гробот. Ова суштество со сина боја исто така е суште мистерија.

Постојат и нормални сцени, како луѓе кои ловат, работат и продаваат. Тие даваат додатни детали за животот во античка Кина.

Ограбувањето на гробници е голем проблем во Кина, а археолозите водат постојана трка со разбојниците кои најчесто ги крадат важните работи. За среќа, научниците сепак успеале да откријат неверојатни дела.

 

Поддржете ја нашата работа: