Секоја година индустријата за пластика произведува околу 140 000 000 тони полиетилен. Голем дел од тоа се се користи за пластичните ќеси, шишиња и кутии, што секојдневно се користат, а потоа се фрлаат.
Научниците со години се обидуваат да најдат начин како да се ослободат од овој пластичен отпад. Едни од поновите обиди е пластиката да се разгради со помош на бактерии, но за да се постигне тоа пластиката треба прво да се изложи на топлина или на светлина.
Научниците откриле дека во внатрешноста на ларвата од еден молец, позната како „восочен црв“, има најмалку два вида на микроорганизми кои можат да го разградат полиетиленот, без претходно да се прави некаква подготовка.
Ова претставува нов, директен начин на биоразградување на пластиката, велат научниците. Наодите се објавени во списанието „Environmental Science & Technology“.