Со грицкањето на паднатите лисја и другите мртви растителни материјали, тие ги отстрануваат слоевите на мртви растенија од земјата, го враќаат јаглеродот во земјата и ја збогатуваат почвата.
Сега, истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон откриле како црвите успеваат да ги дигестираат мртвите растенија, и покрај токсичните хемикалии поради кои повеќето тревопасни животни ги одбегнуваат.
Растенијата произведуваат полифеноли кои делуваат како антиоксиданси и им ја даваат бојата на растенијата. Но, тие исто така и го блокираат дигестирањето. Научниците идентификувале молекули во стомакот на дождовните црви кои се спротивставуваат на природната одбрана на растенијата. Молекулите се наречени „drilodefensins“ и им овозможуваат на црвите да ги јадат мртвите растенија, дури до една третина од својата телесна тежина на ден.
Истражувањето е објавено во „Nature Communications“.