Мајк Браун од Калифорнискиот иститут за технологија – астрономот кој го предводеше истражувањето од 2005 година кое го деградираше Плутон во џуџеста планета, сега вели дека постојат докази за постоењето на огромна ледена планета на работ на Сончевиот систем, веднаш после Нептун.
Новата планета, која моментално е наречена Планета девет, се чини дека кружи околу Сонцето по издолжена орбита за која се потребни неверојатни 10-20 илјади години за да се помине. Се проценува дека е околу 10 пати помасивна од Земјата, а досега никој не ја забележал бидејќи се наоѓа на огромна оддалеченост од 149 милијарди км. од Сонцето – или 75 пати подалеку од Плутон.
Иако нејзиното постоење се’ уште не е потврдено, научниците сметаат дека доказ за тоа е чудната поставеност на 6 карпести објекти во Кајперовиот појас на работ на Сончевиот систем, кои се движат со различна брзина, но во иста насока и под истиот агол. Шансите за тоа да се случува случајно се 0,007%, вели Браун. Па нешто друго мора да ги обликува орбитите на овие објекти.
Двете најверојатни објаснувања за тоа се неоткриени маси на остатоци кои лебдат низ Кајперовиот појас или скриена планета.
Браун веднаш ја отфрлил хипотезата за остатоците бидејќи за тие да бидат доволно силни за да ги придвижат 6-те карпести објекти во иста орбита, Кајперовиот појас би требало да е 100 пати помасивен од тоа што е сега. Па, многу е веројатно тоа да се случува поради гравитационата сила на далечна планета.
Резултатите од ова истражување се објавени во „The Astrophysical Journal“, но додека не добиеме сигурни видливи докази за нејзиното постоење, мора да останеме скептични.