Кратерот од импактот пред милиони години е одамна исчезнат. Но, тим на геофизичари најде „лузни-близнаци“ на импактот. Инаку ова е најголемата импакт зона пронајдена некогаш на Земјата – скриена длабоко во Земјината кора.
Главниот истражувач, д-р Ендрју Гликсон, од Школата за археологија и антропологија на Австралискиот Национален Универзитет, вели дека импакт зоната е откриена во текот на дупчење, како дел од геотермалните истражувања, во област во близина на границата на Јужна Австралија, Квинсленд и Северната територија.
Двата астероиди имаат пречник над 10 км. Тоа сигурно било крај за многу животински видови на планетава во тоа време.
Откривањето на таквите дамнешни насилни влијанија може да доведе до нови теории за историјата на Земјата.
„Големи влијанија, како овие може да имаат далеку позначајна улога во еволуцијата на Земјата отколку што се мислеше”, вели д-р Гликсон.
Точниот датум на настанот останува непознат. Околните карпи се 300-600 милиони години стари, но недостасуваат докази за видовите настанати од други метеорски удари.
На пример, голем метеорски удар пред 66 милиони години предизвикал облак од пепел кој се наоѓа во седиментацијата на карпите низ целиот свет. Се смета дека ова довело до исчезнување на голем дел од животот на планетата, вклучувајќи и многу видови на диносауруси.
Меѓутоа, сличен слој не е пронајден во седиментите од околу 300 милиони години.
„Ова е мистерија. Не можеме да најдеме истребување што се совпаѓа со овие судири. Имаме сомнеж дека импактот е постар од 300 милиони години” – вели Гликсон.
Тимот истражувачи случајно препознал можен импакт додека дупчеле повеќе од два километри во Земјината кора. Кората содржела траги од карпи, претворени во стакло поради екстремните температури и притисокот предизвикан од големиот импакт.
Магнетното моделирање на длабоката кора од Земјата, богата со железо и магнезиум, кореспондира со составот на обвивката на Земјата. Постојат две големи куполи длабоко во кората, формирани од страна на Земјината кора и реформирани по импактот.