Откриена нова огромна егзопланета

 „Откривме мала ѕвезда околу која многу блиску орбитира огромна планета со големина на Јупитер, а маса на Сатурн“, вели Џорџ Џоу, еден од истражувачите кои ја откриле. „Сигурно се формирала подалеку во надворешноста, па мигрирала, но нашите теории не можат да објаснат како се случило тоа“.

„HATS-6b“ има супер мала орбита – една цела година трае колку 3,3 дена на Земјата.

Астрономите веќе долго време сметаат дека планетите се формираат од прашината и гасот околу новосоздадената ѕвезда. Тие исто така сметаат дека дискот на малите ѕвезди содржи помалку „материјал“ за формирање на планетите отколку оние на поголемите ѕвезди. Па, оттука произлегува пршањето – Како „HATS-6b“ може да биде толку голема кога нејзината ѕвезда-домаќин е толку мала?

Научниците немаат одговор на ова прашање. Џоу вели дека нејзиното постоење претставува предизвик за сите теории за формирање на планетите. Истражувањето е објавено во „Astronomical Journal“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt