Пред нешто повеќе од месец, Европската Вселенска Агенција на Марс ја изгуби својата сонда „Schiaparelli“, дел од мисијата „ЕxoMars“, кога при нејзиното слетување ја загуби контролата и заврши со судир на површината на Црвената планета.

Веднаш по загубената врска со лендерот, ЕВА покрена истрага со последните податоци кои успеаа да ги примат пред ударот, па оваа недела открија напредок – се чини дека го открија вистинскиот причинител на аномалијата која предизвика пад на сондата.

На 19-ти Октомври лендерот „Schiaparelli“ започнал да се спушта кон површината на Марс и за почеток се течело според планот.

Падобранот е отворен на височина од 12 км, а топлинскиот штит е отфрлен на околу 7,8 км. Меѓутоа сепак дошло до краткорочен дефект на еден од сензорите одговорен за одредување на позицијата и ротација на лендерот.

Во текот на само една секунда сензорот давал погрешни информации врз основа на кои леталото добило информации дека се наоѓа на негативен износ -всушност, под површината на Марс.

Оваа информација предизвика низа на активности кои би требало да се случат во самото слетување, како палење на моторот и активирање на системот за работа на терен – сите на надморска височина од 3,7 километри од површината. Ова предизвика дестабилизација на сондата и отстапување од планираниот пат, а на крајот и нејзино уривање. ЕВА успеа овие услови да ги рекреира во симулатор.

Од овие мисии, и покрај загубата на лендерот, добиени се многу корисни информации кои ќе се користат при планирањето на следната мисија „ExoMars“, чие што лансирање е предвидено за 2020 година.

Поддржете ја нашата работа: