Тековните ископувања на Мајанските пирадими на неколку локации во Гватемала открија две недопрени гробници кои што успеале да ги избегнат ограбувачите на гробови повеќе од 1.300 години.
Гробовите, кои датираат од ерата непосредно пред мистериозниот колапс на Мајанската цивилизација, содржат богатства за кои би се водела граѓанска војна помеѓу ривалските кралства.
Ова откритие е овозможено благодарение на новата технологија која им овозможува на археолозите да истрелаат ласери на земјата од хеликоптери за да се направат детални слики од површината на Земјата, и тие очекуваат оваа технологија да открие многу повеќе структури од цивилизацијата на Маите во наредните месеци.
„Ова е само мал дел. Ќе треба да ги преработиме сите книга за историјата на Маите и сложеноста на Мајанската цивилизација. Во моментов имаме само 1 процент, и покрај 100 годишното истражување“ – изјавува еден од археолозите, Франциско Естрада-Бели од Универзитетот во Бостон.
И двете гробници се откриени во античките урнатини на Холмул- пред-Колумбиско археолошко наоѓалиште на Мајанската цивилизација, кое датира од околу 650 – 700 година од н.е. Урнатините се лоцирани во регионот „Petén Basin“ на околу 500км северно од градот Гватемала.
Првата од двете гробници – одаја изградена во внатрешноста на пирамида – содржи скелет на средновечен човек кој припаѓал на некоја од владејачките елити, според анализата на забите.
Втората гробница, која исто така содржела остатоци од лице на средна воздраст, била пронајдена во друга пирамида и била декорирана со низа на садови и накит од жад, што би можело да преставуваат „воени трофеи“.
„Ова е прво големо откритие од ваков вид. Меѓу пронајдоците се и елаборирани керамики и предмети од коски и школки. Најинтересен е оној со натпис кој вели дека предметот е дел од гердан од жад кој припаѓал на крал од другото место“- вели Естрада-Бели.
Ова е првиот артефакт од жад кој е најден кој го спомнува „кралот змија“- дел од семејството кое владеело со империјата на Маите непосредно пред колапсот. Тие го користеле амблемот на глава од змија како нивен симбол.
Натписот на ѓерданот, кој има врежано корморан и бог на сонцето, е невообичаен, бидејќи тоа му припаѓа на еден крал од сосема различен град „’Yuknoom Ti’ Chan“. Овој крал бил дел од династијата на змијата,160 км од нивниот антички главен град „Dzibanche“, денешно Мексико.
Овие откритија покажуваат дека династијата на змијата се протегала многу подалеку откоклу што претходно се сметало. Хиероглифите исто така откриваат друг крал од династијата на змијата наречен „Waxaklajuun Ubaah K’an“ кој најверојатно владеел некаде оклу 635 г. од н.е. Па, откритијата укажуваат дека може да имало двајца кралеви – можеби браќа – кои се натпреварувале за престолот.
Тимот се’ уште треба да ги опише новите гробници во рецензирана хартија, па се до тогаш, ова се само шпекулации. Но со сите откритија кои се очекуваат во текот на следните месеци, се надеваме дека наскоро ќе може да ја дознаеме вистината за владејачката елита која постоела во последната ера на Мајанската цивилизација.
https://www.youtube.com/watch?v=R6tr-amJNFA