Откриени огромни средновековни градови во џунглите на Камбоџа

СПОДЕЛИ

Со помош на најсовремена ласерска технологија, археолозите откриле досега непознати градови, скриени во џунглите на Камбоџа.

Новооткриените градови се наоѓаат во близина на древниот комплекс од храмови во Ангкор Ват на северозападот од земјата. Се проценува дека се стари помеѓу 900 и 1.400 години, а некои од градовите се со големина како и главниот град на Камбоџа, Пном Пен.

За скенирање на теренот користени биле хеликоптери опремени со најсовремена технологија т.н. ЛИДАР, со помош на која можат да се откријат скриени формации под површинската вегетација на теренот.

cambodia-2-kaef

Слична технологија била користена при откривањето на римските патишта во Велика Британија претходно оваа година.

„Откривме цели градови скриени под шумите, за кои никој не знаеше дека се таму“- вели предводникот на истражувањето, археологот  Демијан Еванс за „The Guardian“.

Еванс додава дека ова ќе овозможи да се добијат „фасцинантни нови сознанија“ за подемот и падот на империјата на Кмерите во текот на 15-тиот век. Во овие процеси веројатно поголема улога имале климатските промени и регулирањето на водите, отколку инвазијата од некоја окупаторска армија.

Скеновите составени заедно од страна на Еванс покажуваат сложени водоводни системи кои изгледа дека се направени стотици години порано од периодот за кој се сметаше дека таква технологија постоела.

Скенирањата со ЛИДАР покажале присуство на топилници, рудници, пивници, како и патишта и канали кои ги поврзувале овие градови. Иако археолозите одамна претпоставувале дека некои од овие населби постојат, некои од нив откриени со ова скенирање потполно ги изненадиле дури и експертите.

cambodia-3-afeg

„Излегува дека сме поминувале над овие структури без воопшто да ги забележиме поради вегетацијата. Ова што сега го имаме е како детална карта на улиците на еден град“- вели Еванс.

Наодите од новото истражување во кое се обединети и скенирањата од 2012 и 2015 година се објавени во списанието „Journal of Archaeological Science“.

Дискусија

Коментари