Откриено неверојатно римско богатство во брод стар 1.600 години

Двајца нуркачи од Израел откриле масовно богатство кое вклучува бронзени статуи, интригантни фигури и илјадници монети, скриени во внатрешноста на потонат трговски брод стар 1.600 години, кој се наоѓа кај античкото пристаниште во Цезареја, Израел.

Артефактите кои го носат знакот на Римската империја претставуваат најголемо откритие на вакви богатства во морето пронајдени во Израел во последниве 30 години и имаат огромна историска вредност. Археолозите се шокирани од нивната неверојатна состојба на зачуваност.

Според „Reuters“, богатството вклучува бронзена ламба со ликот на богот на сонцето Сол, фигура на божицата на месечината Луна и ламба во облик на глава на африкански роб. Покрај тоа има и фрагменти од бронзени статуи во природна големина, фигури од животни, вклучувајќи дива свиња, кит и глава на лебед, како и купчиња монети на кои се претставени римските цареви Константин и Ликиниј и кои вкупно тежат 20 кг.

12Според „Associated Press“, се смета дека некои од предметите датираат од 4-тиот век, додека други од 1-виот и 2-риот век.

Артефактите во моментов се безбедни на земјата и под заштита на израелската управа за антиквитети чиј персонал ќе ги подготви за испитување и заштита.

https://www.youtube.com/watch?v=9l0_7tney64

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.