Ова е најчудниот вулкан на светот

Танзанискиот вулкан Олдоинјо Ленгаи или Божја планина уште се нарекува и “најчудниот вулкан на светот” бидејќи неговата лава е многу поладна од онаа на другите вулкани.

Лавата на овој активен вулкан во моментот кога излегува на површината има температура од околу 510 Целзиусови степени.

Колку е лавата ладна сведочи и приказната на локалниот водич од племето Масаи кои за време на една експедиција во 2007. паднал во една од реките со лава. Додека престрашените луѓе гледале, тој успеал да се извлече жив од смртната опасност така што се искачил на карпа.

Иако имал тешки изгореници по нозете  рацете, водичот со своето чудесно преживување стана првиот човек кој успеал да искочи жив од вулканска лава.

Освен температурата, необичен е и составот на оваа лава. Таа сорежи редок натриум и калиум карбонат, нерерит и грегорит. Поради тоа таа избива на релативно ниски температури и нема црвен, туку црн сјај на сончева светлина.

Погледнете како изгледа ерупцијата на овој вулкан.

Поддржете ја нашата работа: