Компанијата за стратешки консалтинг „Интербренд“, ја објави ранг листа на најмоќните светски брендови за оваа година.
Рангирањето е направено на основа на три главни критериуми: финансиски учинок на производот и услугите на брендот, улогата на брендот во донесување на одлуки и конкурентската сила на брендот и неговата способност да ја одржи побарувачката и профитот.
Врвот и оваа година како изминатите шест резервиран е за Apple. Годинава со дополнителен раст од 16% во споредба со 2017 година. На второ место е Google, со раст од 10%. На трето место годинава се искачи Amazon, со неверојатен раст од 56% на вредноста на брендот.
Извор: Gostivarpress.mk
Поддржете ја нашата работа: