Оваа хаска сама шета по скијачките стази и спасува луѓе

Седумгодишната хаска Нанук помогнала во спасувањето на повредена девојка на Алјаска.

Нанук ја пронашол повредената студентка од Тенеси, Амелија Милинг, откако се лизнала на снежната падина и удрила во камен, пренесе АП.

Кучето и помогнало на девојката да се врати на пешачката стаза и ја поминало целата вечер со неа, а следниот ден дури ја спасило откако паднала во реката Игл.

„Милинг се лизнала и паднала, кучето успеало да ја спаси и да ја донесе до брегот“ соопшти Ерик Олсен од полицијата.

„Верувам дека ова куче е ангел-чувар“, рече 21 годишната студентк, Амелија Милинг за храбриот Нанук.

Полицајците велат дека Нанук веќе со години сам шета по пешачките патеки и им прави друштво на планинарите кои ги среќава. Она што е интересно е дека Нанук не е дресиран да спасува луѓе.

„Се прави сам. Ова е втор пат како спасува некој од давење“, вели сопственикот на кучето, Скот Свифт.

Поддржете ја нашата работа: