Тој ја критикува колективната себичност, но вели дека се’ уште има време за да се спречи штетата. Голем број на еколошки друштва го пофалија писмото, истакнувајќи пасуси за политики кои вклучуваат намалување на емисиите на јаглероден диоксид и замена на фосилните горива со обновливи извори на енергија.
Еколозите се надеваат дека оваа порака ќе ги поттикне нациите пред одржувањето на Конференцијата на ОН за климата во декември. Целта на писмото е да се инспирираат сите, не само римокатолиците, да ја заштитат Земјата. Писмото има 192 страници и претставува највисоката образовна форма на документ што папата може да ја издаде.
Но, некои делови од обраќањето, веќе се критикувани од страна на некои конзервативци од САД, вклучувајќи ги и двајцата кандидати за претседател – Џеб Буш и Рик Санторум кои велат дека папата не е оној кој треба да дискутира на прашањето за науката за климата.