Парацетамолот не помага при настинки!

Едно ново истражување е сосема спротивно и им противречи на официјалните совети на Националната здравствена служба од Велика Британија, кои велат дека ако не се чувствувате добро и имате температура треба да земете парацетамол или анти-инфламаторни лекови како ибупрофен, за да ја намалите температурата и да ги ублажите болките.

Според истражувањето, објавено во „Respirology“, популарниот лек кој е клучна состојка во многу лекови за грип и настинка, не ја намалува зголемената телесна температура или другите симптоми и болки на грипот и настинката. Анализите на резултатите покажале дека немало значителна разлика помеѓу 40 пациенти болни од грип кои во рок од 5 дена пиеле парацетамол, и 40 пациенти на кои им било дадено плацебо, ниту пак пациентите пријавиле разлики за тоа како се чувствуваат.

Сепак, авторите на истражувањето признаваат дека на сите пациенти им бил даден лекот против грип „Tamiflu“, како дел од безбедносниот протокол, што би можело да влијае на резултатите.

Д-р Тим Балард, заменик претседател на Кралскиот колеџ за општи лекари, вели дека ова е нешто што треба да се следи со интерес и дека би било особено интересно да се следат слични истражувања кои вклучуваат лечење на деца, каде што плацебо ефектот ќе биде потешко да се објасни. Ова е само едно истражување, а ќе следат уште многу, па останува да ги следиме резултатите и крајниот исход од овие противречности.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.