Парацетамолот ништо подобар од плацебо

Најновата студија објавена во „The Lancet medical  journal“ вели дека овој многу популарен лек не е ништо подобар од плацебото или оние “чудесни лекови”  кои во исто време служат за брзо опоравување од акутните болки во грбот, подобрување на сонот или квалитетот на животот.

Во истражувањето спроведено  во Универзитетот во Сиднеј, Австралија (предводено од Кристофер Вилијамс) биле опфатени 1652 лица од Сиднеј со акутни болки во долниот дел од грбот. По случаен избор, лицата добивале парацетамол во рок од четири недели, со вообичаената доза три пати дневно, по потреба, или добивале плацебо. Состојбата на лицата е следена во рок од три месеци.

Резултатите покажале дека не постои разлика во бројот на денови потребни за опоравување помеѓу двете третирани групи. Просечното време за опоравување било 17 дена на секој од групата што примила парацетамол, а 16 дена на групата  со плацебо.

На краток рок, парацетемолот не покажал  ефект во олеснувањето на болките, намалената способност, подобрувањето на квалитетот на сонот или општо квалитетот на животот – велат истражувачите. Бројот на пациенти кои пријавиле несакани ефекти бил приближно ист во двете групи.

Иако се покажа неефикасен во третирање на  болки во грбот, парацетамолот е сепак ефикасен за многу други болни состојби како на пр. главоболка, забоболка, некои други акутни мускулоскелетни состојби или за олеснување на болките после хирушка интервенција.

Ова укажува на тоа дека механизмот на настанување на болката во долниот дел од грбот е различен од останатите болни состојби, така што тоа е област која треба уште да се проучува – велат истражувачите.

 
ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt