Во текот на следната година „Fish and Wildlife Service“ на САД ќе одреди дали оваа иконска пеперутка со црно-портокалова боја заслужува да се стави под заштита на државата, што и следува ако биде забележана како загрозен вид.
Според некои проценки, популацијата на пеперутките монарх се намалила за 90 проценти во текот на последните две децении, од околу 1 милијарда пеперутки колку што имало во средината на 1990-тите, бројот се намалил на само 35 милиони единки минатата зима.
Оваа загуба е толку запрепастувачка, што ако се спореди со човечката популација тоа би било како губење на секој жив човек во САД, освен луѓето од државите Охајо и Флорида, велат научниците од Центарот за биолошка разновидност.
Центарот за биолошка разновидност, како и останати групи, меѓу кои и Центарот за безбедност на храната, преку правна петиција поднесена во август 2014 година побараа интервенција од федералната влада.
Петицијата била прифатена од „Fish and Wildlife Service“ на САД и агенцијата веќе го започна едногодишното надгледување на состојбата на пеперутките монарах.
Научниците што стојат позади оваа петиција велат дека намалувањето на бројот на овие пеперутки е поврзано со порастот на генетски модифицитаните посеви во Средниот Запад во САД. Многу од овие посеви се модифицирани да бидат отпорни на хербицидот од фирмата „Монсанто“ (Monsanto) кој ја уништува млечарката (milkweed), растение кое е единствен извор на храна за гасеницата на пеперутката монарх.
Хербицидот е толку успешен што млечарката практично исчезнала од полињата со пченка и соја во Средниот Запад , а со тоа и пеперутката монарх ефективно изгубила дел од своето живеалиште со големина колку државата Тексас.