Како што марихуаната станува се´ поприфатена поради нејзината медицинска употреба, научниците стануваат сe´ повеќе заинтересирани за нејзините можни несакани ефекти.
Додека повеќето истражувања се фокусираат на ефектот од дрогата на нашите бели дробови, па дури и мозокот, една нова студија од Универзитетот во Западна Австралија сугерира дека пушењето марихуана може да го забрза процесот на стареење и да ги направи корисниците биолошки постари.
Студијата покажала дека со стврднувањето на артериите, предизвикано од долгорочната употреба на марихуана, се зголемува биолошката возраст на корисниците за 11 проценти, што значи 30-годишниот корисник биолошки би бил поблиску до 33-годишна возраст. Тие заклучиле дека употребувањето на марихуана е поврзано со забрзано кардиваскуларно стареење.
За да ги добијат овие резултати, тимот на истражувачи споредувал 11 корисници на марихуана, 504 корисници на тутун, 114 корисници кои користеле комбинација од тутун и марихуана и 534 непушачи, во период од 5 години.
„Откривме дека користењето на канабис долго време го забрзува стареењето со експоненцијална брзина со текот на времето што е алармантно“- објаснува коавторот на студијата, професор Стујард Рис.
Иако самата студија не укажува на тоа дека марихуаната е премногу опасна за употреба, според Рис важно е за здравјето на населението во светот да се продолжи со ова истражување и да се истакне штетата во голема мера на здравствениот систем од употребата на канабисот.