НАСА секогаш дејствувала многу смирено кога станува збор за астероидите, секогаш кога некој ќе се доближел до Земјата тие соопштуваат дека сите познати „потенцијално опасни астероиди“ имаат помалку од 0,01 проценти шанса за удар во Земјата во следните 100 години.
Но, со откривањето на околу 5 нови астероиди секоја вечер од страна на НАСА, постојат премногу кои се’ уште не се откриени, па доколку се случи некој астероид да не изненади, единствената опција што би ја имале е да се подготвиме за најлошото.
„Најголемиот проблем е тоа што не можеме да направиме ништо во врска со тоа во овој момент“- вели Џозеф Нат од НАСА.
Она што е највознемирувачко е што не зборуваме за оние неочекувани астероиди кои ги откриваме неколку денови или недели пред нивниот најблизок пристап до Земјата – потребни се години за да се заврши некој вид на операција на „скршнување“, па освен тоа, не ни преостанува ништо друго освен масовна евакуација.
Земјата досега немала ситуации со големи астероиди и комети. Но, како што известува Алан Јуас за „The Guardian“ имало две значајни „блиски средби“ во последниве години: една во 1996 година, кога една комета се судрила со Јупитер, и една во 2014 година кога прелетала веднаш до Марс, нашиот најблизок сосед.
Научниците ја забележале кометата од 2014-та година 22 месеци пред да помине покрај Марс, но, според Нат, доколку наместо Марс, Земјата би се нашла на нејзиниот пат, тој износ на време не би бил доволен за да се направи нешто во врска со тоа.
„Доколку погледнете во распоредот за високо-сигурните вселени летала, ќе видите дека се потребни 5 години за да се лансира вселенско летало. Ние имавме само 22 месеци за вкупно предупредување“ – додава тој.
Според „Planetary Society“ ние имаме откриено само 60 проценти од астероидите и кометите кои се во близина на Земјата и се проценети на 1,5 километри или поголеми. Па Нат и неговиот тим сметаат дека решението е НАСА да изгради летало за пресретнување и да го чува за секој случај доколку ни затреба.
Тие исто така сметаат дека НАСА треба и изгради и „едноставно летало за набљудување“ кое би можело да се испрати кон астероидот или кометата за да му даде на пресретнувачот подобра идеја за неговата орбита, движење, форма и оска на вртење. Со други зборови, тоа би ни кажало каде ќе биде најефективно да се удри и да се постигне максималната веројатност за скршнување од патот кон Земјата. Тие сметаат дека доколку имаме складирано еден таков пресретнувач, би можеле да го лансираме за една година што би можело да биде доволно. Би имале многу мала надеж доколку леталото почне да се гради по забележувањето на заканата.
„Постојат два начина за оваа операција да може да се изведе: или ќе го опремиме леталото со нуклеарна боева глава или ќе изградиме „кинетички удирач“ односно гигантски топ. Технологијата на топ е всушност многу добра при пресретнување на објект со голема брзина и се смета за поефикасна од експлозивите“ – вели Кети Плеско научник во Националната лабораторија на Лос Амос.
Тие сметаат дека масивните астероиди и комети, како оној кој ставил крај на постоењето на диносаурусите, се исклучително ретки, но се дефинитивна можност за која е подобро да бидеме подготвени. Со толку големи објекти кои се движат во просторот, речиси е неизбежно дека некој ќе не удри некогаш, дали наскоро дали после многу векови во иднината.
Целиот семинар може да го погледете подолу: