Перцепцијата на совршенството

Слободно можеме да кажеме дека секој етникум има своја идеална верзија на убавината. На пример, додека САД ги става слабите модели на пиедестал, други земји ги доживуваат телата со плус големина како попривлечни.

За да се докаже ова, спроведен е еден проект кој ги анализирани овие различни културни идеи за убавината користејќи една фотографија.

Проектот е наречен „Перцепциите на совршенство“ и спојува 18 земји и 18 дизајнери кои ја менуваат оригиналната фотографија во она што тие мислат дека е идеалната верзија на убавина во нивната земја. Дизајнерите биле во можност да си играат со големината на струкот, косата, лицето, па дури и изборот на чевлите.

Повеќето од избраните дизајнери биле жени, за да се види погледот на жената на она што нејзината култура го смета за атрактивно и да се разбере повеќе за притисоците со кои се соочуваат. Но, сепак, четири од нив биле мажи, кои добиле помош од жените.

Иако проектот има за цел да биде што е можно поразновиден, се прашуваме зошто нема други типови на кожа, настрана од белата, или, можеби зошто дизајнерите немале можност да го прилагодат тонот на кожата.

Некои од фотографиите значително се разликуваат од другите и интересно е да се види и спореди телото во различни земји. Дизајнерите во Северна, Јужна и земјите од Централна Америка создале претерана фигура на песочен часовник, а во европските и азиските земји избрале жената да биде многу слаба.

Истражувачите дополнително направиле анкета за да видат која e претпоставената тежина на секоја од „идеалните“ жени од фотографиите во реалниот живот. Просечно, идеалната жена во Кина е најслаба (46,30 кг), додека во Шпанија тежи најмногу (69,40кг).

„Убавината доаѓа во многу форми. Широко распространетите перцепции за убавина и совршенство може да имаат длабоко и долготрајно културно влијание врз жените и мажите”, се наведува во соопштението. Целта на овој проект е да се разберат подобро потенцијално нереалните стандарди за убавина и да се види како тие притисоци се разликуваат во светот.

Погледнете ги  деталите и фотографиите. Која е вашата „идеална“ жена?

perfect-female-infographic

Поддржете ја нашата работа: