Совршениот изглед на телото не е товар само за женската популација. И мажите насекаде низ светот често се борат со поставените машки стандарди за привлечност и убавина. Додека жените се под притисок да бидат сензуални и слаби, но сепак со облини, мажите често се среќаваат со сличен притисок да бидат високи, силни, брадести и мажествени. Нивото на пристисок можеби не е исто, но проблемите со изгледот на телото се јавуваат и кај двата пола.
Неодамна објавивме статија за тоа како изгледа идеалното женско тело во различни земји. Сега, истражувачите повторно се навраќаат на истиот проект, но овојпат анализирајќи го идеалното машко тело при што 19 графички дизајнери од 19 различни земји ни ја покажуваат дефиницијата за убавина во својата земја.
Истражувачите на својата веб страница велат дека целта им е да предизвикаат револуција и промени во идеалите за убавината на телото (и кај мажите и кај жените), да ги поттикнат луѓето да го ценат повеќе здравјето отколку изгледот, како и да промовираат самодоверба насекаде низ светот.
Погледнете ги деталите и фотографиите. Кој е вашиот фаворит?