Една неодамнешна студија ги анализирала физичките ефекти на хормонот окситоцин и алкохолот и заклучокот е дека имаат идентични ефекти врз невролошкото однесување.
Врската помеѓу алкохолот и љубовта отсекогаш се нагласувала. Прават да се чувствувате среќни, непобедливи и исполнети со тага во моментот кога дејството исчезнува.
Сепак, оваа студија, фрли поглед одблизу на интересната врска помеѓу овие две неверојатни варијабли.
Окситоцинот, исто така познат како хормон на љубовта или прегратката е хемиско соединение произведено од страна на мозокот кое асистира во љубовта и репродукцијата и е опишано како пропагирање на видовите.
Хормонот се ослободува за време на кожа-кожа контакт и е причината зошто физичката близина со друга личност помага да се чувствувате добро. Хормонот е исто така вклучен во женската репродукција, ја олеснува болката при породувањето и го намалува крварењето по породувањето. Исто така, се лачи за време на доењето за да им помогне на жените природно да се поврзат со нивните новороденчиња.
Алкохолот, од друга страна, исто така е органски, но наместо во човековото тело, се произведува со ферментирање на квасец, шеќер и скроб.
Намалени „кочници“ и анксиозност
Истражувањето откри дека иако двете соединенија погаѓаат различни рецептори во мозокот, тие предизвикуваат заедничка акција на пренос во префронталниот кортекс и лимбичките структури – мозочни структури кои контролираат стрес и анксиозност. Резултатот се намалени инхибиции/кочници, особено во стресни ситуации, како на пр. интервју или покана за состанок. Окситоцинот и алкохолот може да направат овие ситуации да изгледаат помалку застрашувачки.
Ова може да објасни зошто кога сме пијани или заљубени правиме нешта кои не би ги направиле под нормални околности.
Иако окситоцинот е поврзан со позитивни чувства како љубов и релаксација, според соопштението, неговата сличност со алкохолот значи дека ние не можеме да ја игнорираме неговата потенцијална опасност. Исто како алкохолот, окситоцинот може да ги зголеми агресијата и зависта, aроганцијата и себичното однесување. Способноста на окситоцинот да ги намали социјалните инхибиции може да има опасни последици, бидејќи овие кочници постојат за да нè чуваат подалеку од зло и проблеми. И двете материи влијаат на перцепцијата, па така несаканите ефекти може да бидат опасни во погрешна ситуација.
И покрај сличностите на двете соединенија, тимот не верува дека окситоцинот некогаш ќе се користи како алтернатива на алкохол, но се радуваат на новооткриените можности за клиничка употреба за психолошки и психијатриски состојби.
За останатите дејства на окситоцинот, можете да прочитате на следниов линк (Потемната страна на хормонот на љубовта).