Пилот санитарни системи во Индија


Околу 2,5 милијарди луѓе ширум светот се’ уште не поседуваат соодветни санитарни јазли, а приближно една милијарда луѓе вршат нужда на отворено , без никаква приватност и санитарни услови. Ова води до контаминација на водата, а како последица од болестите добиени од загадена вода, умираат неколку стотици илјади луѓе секоја година.


Група истражувачи, предводени од Стивен Дентел , професор по градежништво и животна средина, веќе неколку години работат на водоотпорен материјал што ќе може да се користи за подвижни тоалети и други санитарни јазли во замјите во развој. Материјалот е сличен на оној што се користи кај спортските јакни и мантили за дожд – пропушта само мали молекули од водена пареа.

Истражувачите сметаат дека ова може да послужи за да се филтрира водата од човечкиот измет , дозволувајќи на тој начин чистата вода да се отстрани, а се останато да се задржи внатре. Отпадот сместен во контејнери од овој материјал, би бил сув, без вода, а со тоа и помалку погоден за развој на бактерии и други причинители на болести.

Финансиран од фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, на  овој проект се работи веќе извесно време. Лабораториските резултати изгледаат ветувачки , но сепак треба да се тестираат на терен.

На 28-ми декември, една група од истражувачите се упатила кон Индија за да го започне првото тестирање на новиот материјал на терен.

Семејства од два града, Канпур и Пури, ќе го испробаат овој нов „eco-vapor” систем на тоалети. Истражувачите ќе набљудуваат како материјалот функционира во услови на зголемена температура и влажност – дали при висока надворешна влажност контејнерите ќе се наполнат пред да испари доволно вода.

Овој пилот проект е потпомогнат и од невладината организација  „WaterAid India“.

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.