Планктони кои јадат пластика

За да можат самите да го видат проблемот, тие посипале зрнца од стиропор, со големина од 7 до 30 микрометри во дијаметар околу зоопланктоните и потоа набљудувале колку од овој материјал тие изеле.

Зоопланктоните обично се хранат со алгите во водата, но понекогаш може да конзумираат и зрнца од пластика, со слична големина.

Видеото е снимано три часа и покажува како флуоресцентните зрнца од пластика постојано се движат низ телата на зоопланктоните.

Милиони тони пластичен отпад годишно завршува во океаните и претставува сѐ поголем проблем за морскиот свет. Микрочестичките од пластика содржат токсични материи кои потоа може да се пренесат преку ланецот на исхрана, ако бидат проголтани од морските организми.

Досега се забележани голем број на зоопланктони, меѓу кои и краби и ларви од остриги како ги јадат овие микрочестички. Во некои случаи, животните ги исфрлаат честичките во рок од неколку часови, но некои можат да останат во нивниот дигестивен систем и до седум дена, ако неамат пристап до храна. Пластиката ја попречува нивната исхрана, што се одразува на нивната репродукција и преживување.

Снимката е направена за краткиот филм, што неодамна беше награден во натпреварот „Atkins CIWEM Environmental Film of the Year competition“.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt