Планот против маларија може да ги збрише комарците

 

Научниците создадоа комарец кој продуцира скоро исклучиво машки потомци.

 Женките се тие кои касаат и тие кои продуцираат повеќе комарци.

Истражувачите велат дека нивната техника може  да ги збрише комарците за неколку месеци,без употреба на инсектициди.

 Комарците се познати како највирулентни животни на светот..Повеќе луѓе умираат од инфекции кои се пренесуваат преку комарци одколку речиси од било кој  друг тип на болести.

 Употребата на инсектицид е еден од најефикасните начини за контрола на комарците,но тоа има и свои негативни страни.Може да ги убие  пчелите и другите добри инсекти  и  е штетен за  животната средина.А со време комарците развиваат и отпорност на инсектицидите.

 Nikolai Windbichler и неговите  колеги од Imperial College London се обидоа со друг пристап во борбата против комарците.

 Инсектите имаат приближно 400 примероци на одреден ген на X – хромозомот.Тоа е хромозомот кој  е одговорен за создавање женски-инсекти.

 Една творба која се нарекува слузава габа произведува протеин кој го пресекува генот на точно одредено место.Со помош на генетски инженеринг,истражувачите , протеинот од слузавата габа го внесуваат во комарците.Протеинот се активира во периодот кога комарецот ствара сперма и го сече X-хромозомот на 400 места.Со тоа хромозомот се уништува и не може да се пренесе на следната генерација.Така остануваат само машки потомци,а тие исто така би продуцирале само машки потомци.Со време целата популација би исчезнала.

 “Секако потребно е да се направат уште тестирања за да се потврди дека методата е сигурна и ефикасна.Но со оглед на тоа дека алтернативата се пестицидите кои ги напѓаат сите инсекти,со оваа метода се таргетира еден специфичен вид”-вели Windbichler

Ова е сеуште во почетна фаза и ќе биде потребно многу повеќе од дизајнирани комарци да ја победат маларијата.

Нови лекови и вакцини секако ќе бидат потребни,како и уништување на нивните живеалишта преку добриот старомоден начин на сушење на барите .

Поддржете ја нашата работа:
Ви благодариме за секоја ваша поддршка и донација