Почина “најтажниот” слон на светот

Флавија, женката слон која е позната и како најтажната на светот, почина во шпанската зоолошка на 47 годишна возраст, после повеќе од четири децении заробеништво во градината.

Флавија, 43 години живеела сама во својот заграден простор во зоолошката градина во Кордоба во јужна Шпанија.

Здруженијата за заштита на животните од Шпанија неколку пати се обиделе да ја преместат Флавија во друг простор со цел да живее со други слонови, но не успеале.

Порано беше соопштено дека нејзиното физичко здравје се влошувало во текот на последните шест месеци пред смртта, а исто така е пријавено дека таа пати од депресија.

Министерката за животна средина Ампаро Перниќи на прес-конференција за новинари изјави дека Флавија во последните мигови не можела да стои на нозе, и затоа била успиена.

Таа го опишува слонот како симбол на градот, и дека смртта била особено тажна за оние кои се грижеле за неа низ нејзиниот живот и во последните моменти.

Претседателот на организацијата PACMA, Силвија Баркуеро, вели дека Флавија низ годините била сама и заробена во зоолошката градина.

“Се надеваме дека ниедно животно нема повторно да помине низ ова, слоновите се социјални животни како луѓето и се познати по тоа што развиваат силни врски со семејството и можат да живеат до 70 години во дивината, додава таа.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt