Подмачкувањето оди во историјата?

Тогаш, машинските делови треба да се исчистат и повторно да се подмачкаат што доведува до почеста потреба за одржување и поголема потрошувачка на ресурси.

Истражувачите од Институтот за нови материјали – Лајбниц, го решија овој проблем со тоа што развија нов функционален премаз (нешто слично на лак) кој ги подмачкува деловите и истовремено ги штити од корозија. Погоден е за премачкување на металите и металните легури, како челик, алуминиум или магнезиум.

Институтот е еден од германските истражувачки институти кои ќе учествуваат на саемот „TechConnect World“ кој ќе се одржи на 15-ти и 16-ти јуни во Вашингтон, САД, каде што меѓу другото ќе ги претстави и овие резултати.

Тајната на овој премаз е неговиот состав и структура. Содржи различни честички кои кога ќе се нанесат на површината се подредуваат на тој начин што создаваат т.н. бариера помеѓу облогата и објектот и површините се лизгаат со минимално триење. Таа бариера исто така ги спречува влагата и солите, да не продираат на металната површина, со што се спречува корозијата.

Премазот може да се нанесе со класичните хемиски процеси на прскање или потопување.

Поддржете ја нашата работа: