Поместувањето на часовниците за еден час понапред предизвикува здравствени проблеми

Во последната недела од март започнува летното сметање на времето. На 26ти март во 02 часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се помрднат за еден час напред.

Според податоците на неодамна објавената студија во едно списание за научна психологија, денот после преминот во летно сметање на времето, федералните судии имаат тенденција да даваат во просек пет отсто затворски казни, отколку во неделата пред или после.

Научниците тврдат дека дури и помалите пореметувања на основа на спиењето можат да имаат значајни последици.

“Нашата студија сугерира дека наглите, па дури и малите промени во ритамот на спиењето може да имаат штетно влијание”, вели Amneet Sandhu од Универзитетот во Колорадо, чија студија на болнички податоци открила 25 проценти покачување на бројката на срцеви удари во понеделникот, еден ден по почетокот на летото заштеда на време.

Летното сметање а времето, кое оваа годиа трае до 29ти октомври, усвоено е за време на втората светска војна како мерка за заштеда на електрична енергија. Логиката била дека подолгото траење на денот значи дека луѓето ќе поминуваат помалку часа под вештачка светлина.

Практиката се стабилизирала во Северна Америка и Европа, но не и во повеќето земји од светот. Но, студиите досега покажале дека, воглавно промената на сметањето на времето нема некое значење во заштедата на електрична енергија.

Укинувањето на летното сметање на времето, односно враќањето на зимско сметање, во САД е можно само со законодавна одлука на американскиот Конгрес. Сојузните држави не се должни да преминат на летно сметање на времето, но се обврзани од декември до март да го практикуваат стандардното зимско сметање на времето.

Законодавците во некои сојузни држави веќе се обидувле да воведат закони за целосно да се укине летното сметање на времето, но до сега тоа резултирало со успех само во Аризона и на Хаваите.

 

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.приближно по тековен курс · 07.11.2026 16:36

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.