Пораката на кошмарите

Соништата се извонредно мистериозен феномен, се верува дека се еден од начините за безбедна обработка на нереалните желби и потреби, според Националната фондација за спиење. Но, нашите соништа може да бидат исклучително сложени. Паѓање, бркање и неверство не се баш дел од листата на желбите на ниеден од нас. Тоа се најчестите кошмари кои  ги доживуваме.

Овие видови на соништа, заедно со седум други споменати во видеото подолу, покажуваат како нашиот несвесен ум може ги преземе желбите и чувствата за кои ние речиси не знаеме дека постојат во секојдневниот живот и да наслика живописна слика со повеќе слоеви на значење. Сонувањето како партнерот ве изневерува, на пример, може да значи дека вашиот партнер не ви обрнува доволно внимание во реалниот живот, или дека треба да поминувате повеќе време заедно.

Во антички времиња, шаманите и мистиците се занимавале со толкување на соништата. Подоцна, психоаналитичарите и експертите за ментално здравје го презеле кормилото. Денес, овие експерти се’ уште имаат потешкотии за дешифрирање на соништата, но исто така има и книги и веб-сајтови посветени само на тоа. Сепак, генералниот став е дека ова се само алатки за да ни помогнат да ги разбереме подобро нашите соништа и дека во крајна линија, значењето на соништата зависи од нас.

 

Поддржете ја нашата работа: