Португалија успеа да функционира само од обновливи извори на енергија во текот на цели 4 дена

Како што обновливите извори на енергија стануваат се’ попопуларен и поефективен извор на енергија, постојано гледаме историски постигнувања на некои земји кои си имаат поставено цел да ја ограничат емисијата на штетни гасови во атмосферата и со тоа да придонесат за намалување на ефектите од глобалното затоплување. Најновото постигнување го направи Португалија која успеа во текот на цели четири денови да функционира само од обновливи извори на енергија, постигнувајќи неверојатна постојана енергија од 107 часа, од 7 до 11 мај.

Во текот на овој рекорден период, Португалија се оддржуваше целосно на сончева, ветерна и хидро електрична енергија, без потреба да се врати на енергијата од јаглен и природен гас.

Ова покажува дека оваа земја измина долг пат во поглед на прифаќањето на чистата енергија во последниве децении и би можела уште повеќе да ги подобри своите еколошки ингеренции во блиска иднина и да се префрли на 100% енергија од обновливи извори.

Ова претставува значајно достигнување за една европска земја што се очекува во текот на следните години да се прошири и низ цела Европа. Насекаде низ светот се’ повеќе земји ја заменуваат својата индустрија заснована на јаглен со обновливи извори на енергија и доколку работите продолжат да се одвиваат во оваа насока, до крајот на деценијата светот би можел да се врати на вистинскиот пат и да добива повеќе од една четвртина од енергетските потреби од обновливи извори на енергија.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,235од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.