Плускавците и болните стапала од високите потпетици се мала цена што секоја девојка ќе ги плати кога сака да изгледа убаво. Но, ако побарате мислење од научниците, сите ќе ви речат исто – ослободете се од високите потпетици, ако сакате да го сочувате здравјето на вашите стопала.
Според едно истражување од 2012 година, дури и кај жените во 20-годишна возраст се забележува промена во нивниот од како последица на носењето високи потпетици, дури и кога не ги носат. Што е уште поважно, кај оние што често носеле високи потпетици било забележано скратување на мускулите на листот во споредба со контролната група кои ретко носеле високи потпетици, и зголемено оптеретување на мускулите при секој чекор. Бидејќи движењето на тетивите овозможува поефикасно чекорење, долготрајното пешачење на високи потпетици предизвикува зголемен замор на мускулатурата.
Покрај тоа високите потпетици драстично ја менуваат положбата на телото, ги дислоцираат коските на стапалото и глуждот, негативно влијаат на зглобот на коленото и ги затегаат околните тетиви. Може да доведат до остеоартритис и деформитети на коските на ножниот палец, бидејќи многу од овие чевли се тесни во предниот дел.
Се разбира, сето ова се става во втор план кога заради елегантниот изглед вреди да се издржат неколку часа мака. Кога се работи за некој важен настан, кој има време и енергија да размислува за идното здравје на стопалата. Едноставно не е елегантно.