Последните моменти на една ѕвезда која умира

Сликата ја покажува планетарната маглина „NGC 6565“ во соѕвездието Стрелец која всушност претставува блескава школка од гас, кој се испушта од старата ѕвезда која умира.

Терминот „последни моменти“ е можеби малку несоодветен со оглед на фактот дека смртта на ѕвездите е период кој се одвива десетици илјади години (додека ѕвездата да се олади и намали за да стане бело џуџе)  Како и да е, на крајот  светлината драматично ќе опадне, маглината ќе избледи и ќе исчезне од видикот. Но, засега, уживајте во погледот.

Поддржете ја нашата работа: