Постои ли лек за да јадеме, а да не се дебелееме?

Научниците од Универзитетот Јеил пронашле начин како да направат таблета која ќе ни овозможи да јадеме масна храна, а да не се здебелиме. Овие научници се обиделе најпрво да направат екстремно дебели лабораториски глувци.

На глувците им измениле два гени, со што ги заштитиле од дебелеење и покрај внесот на масна храна – се вели во студијата објавена во The Daily Mail.

Иако овој метод е тестиран само на глодари, научниците веруваат дека е возможно истите рецептори да се насочат кон луѓе, со цел да се блокира апсорпцијата на масти во цревата.

Лидерите на студијата, проф. по кардиологија Ана Ајхман и научникот Фенг Занг и нивниот тим се потрудиле да ги здебелат глувците во својата лабораторија. После неколку недели сепак глувците останале витки, а научниците решиле да испитаат зошто.

Установиле дека уредувањето на двата одредени гени предизвикало пресудна промена во цревата, а ги сплескало лактеалите. Овие портали се однесуваат како складиште за липидите од каде се преместуваат во крвотокот и слушеле како енергија или се таложеле како сало.

До сега не се знаело колку лактеалите се важни и дека нивното оневозможување спречува дебелеење. Неуспехот да се здебелат лабораториските глувци е објавен во списанието Science и сега се поставува прашањето дали истото може да се примени на луѓе.

Од етички причини не. Но, наместо уредување на гени, можеби постои начин за инхибирање нарецепторите кои го предизвикуваат истиот ефект. Всушност, веќе постои таков лек на пазарот со кој се лекува глауком.

Следен чекор би можел да биде следење на пациентот кој го користи овој лек за да се види како влијае на внесот на липидите и зголемувањето на телесната тежина кај луѓето.

Поддржете ја нашата работа: