Постот е добар и за мозокот

Постот знае да биде непријатен, но едно истражување  покажува дека тој не само што е добар за намалување на обемот на вашата половина, туку е корисен и за мозокот и му овозможува одмор на нервниот систем.

Научниците од Институтот Бак откриле дена постот ја намалува активноста на синапсите на спојот на невроните и мускулните клетки. Со ова се редуцира и ослободувањето на невротрансмитерите и му овозможува на мозокот повторно да се „наполни“.

Истражувањето е извршено на вински мушички, при што научниците го намалиле внесот на протеини во исхраната, а подоцна сосема ја исклучиле храната за да утврдат какви ќе бидат ефектите од ова врз мозочната активност на мушичките. Три часа после отстранувањето на хранливите материи, активноста на синапсите се намалила за половина.

Научниците објаснуваат дека иако истражувањето е спроведено на мушички, резултатите би можеле да бидат многу слични и кај луѓето. Покрај тоа, наодите сугерираа дека постот може да биде особено корисен за лицата кои страдаат од мозочни нарушувања, како што е епилепсијата.

intro_cream_of_crop

Придобивките од постот се многу јасни: Новото истражување заедно со претходни вакви истражувања укажуваат дека постот може да го зајакне имунолошкиот систем, да го подобри расположението и спиењето, па дури и сексуалниот живот. За несреќа, гладта е една од најмоќните човекови инстинкти, па затоа да се надмине желбата за јадење може да биде многу тешко. Еве неколку совети како ова искуство да не биде толку малку мачно.

Истражувањата покажале дека доколку се поврзе со духовност, постот полесно се издржува. На пример, постот е составен дел од многу религии, а скенирањата на мозокот покажале дека молитвата и медитацијата предивикуваат зголемена активност на фронталниот лобус од мозокот, што им помага на лицата да бидат посмирени, помалку избувливи и полесно да се справуваат со стрес.

Сепак, доколку вашиот пост не е религиски мотивиран, постојат и други начини полесно да го издржите. На пример, добрата хидратација за време на постот ќе ви помогне да ги избегнете главоболките и да ја ублажите гладта, а според д-р. Келиен Петручи, чорба богата со хранливи материи ќе ви помогне да бидете позадоволни за време на постот, а и подобра е отколку да пиете само вода.

Поддржете ја нашата работа: