Потврдено постоењето на ова бизарно морско суштество

Во 1899 година, научниците, ова морско суштество го нарекле по Харон – митскиот пренесувач на мртвите, а сега конечно го потврдуваат неговото постоење.

Во текот на годините, многумина се сретнале со ова суштество кое е обвиткано во облак од слуз и е наречено „Bathochordaeus Charon“, но никој до сега не знаел да го препознае. Се храни со филтрирање на хранливи честички преку својата сопствена транспарентна мембрана.

Овој вид за прв пат е откриен од страна на биологот Карл Чун од Универзитетот во Лајпциг во Германија пред повеќе од еден век. Оттогаш евидентирани се доста средби со ова чудно суштество, но дури сега се објавени првите истражувања на морската слуз, во водите на заливот Монтереј, во близина на брегот на Калифорнија.

„Додека не го прегледавме одблизу примерокот, немавме претстава дека всушност најдовме „B. Charon“, вид кој за прв пат е опишан пред повеќе од сто години”, вели Роб Шерлок од Аквариумскиот Институт за истражување од заливот Монтереј.

Научниците своевремено имале сомнеж околу постоењето на „B. Charon“, бидејќи е доста сличен со „Bathochordaeus stygius“, чиј вид е откриен во 1936 година. Се прашувале дали овие два вида се всушност еден ист вид.

Еве како изгледаат и двете: „B. Charon“ (а-c), во споредба со „B. Stygius“ (d-f).

compare-sea

За среќа, кога тимот ги испратил своите далечински управувани возила во заливот Монтереј, тие успеале да снимат едно од нив и да потврдат се што опишувал Чун за овој вид во 1899 година. Тимот исто така успеал да разјасни и некои нејаснотии.

„B. Charon“ е еден вид на апендикуларија, кој лебди слободно, и наликува на полноглавец и не е повеќе од 1 сантиметар долг, не вклучувајќи ја нивната опашка. Но, примерокот кој го пронашле Шерлок и неговиот тим бил долг неверојатни 9 сантиметри!

Тие се хранат со тоа што произведуваат „куќа“ од слуз околу нив, и слузот фаќа мали честички на храна како мрежа кога суштеството плови во океанот. Но, покрај ова, истражувачите знаат многу малку за тоа како овие суштества живеат, растат и стареат.

„Факт е дека знаеме многу повеќе за вселената, отколку за длабочините на океанот“, вели Шерлок во изјавата за Аквариумскиот институт (MBARI).

Погледнете ги новите слики од овој вид.

1

2

3

Истражувањето е објавено во „ Marine Biodiversity Records“.

Поддржете ја нашата работа: