Под морското дно на Тихиот океан би можел да постои живот, велат научниците во новата неверојатна објава. Околу десет километри под морското дно, во Маријанскиот ров, најдлабокото место на Земјата, научниците пронашле докази за живот.
Нивното откритие го објавиле во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences. Доказите се собрани од минералите кои излегуваат од длабоките океански хидротермални отвори, во браздата која настанала при судар на две тектонски плочи.
Собраниот материјал е анализиран и е установено дека постои органски материјал каков што произведуваат и микробите на површината.
Студијата покажува дека ова е возможно на длабочина од околу 10994 метри. Секако ова е уште еден показател на тежината на животот и екстремните места на кои може да произлезе. Ваквите истражувања помагаат и во откривање на животот на другите планети, односно сознанија каде и каков живот може да постои.