Имено, фанови облечени како теоретскиот физичар, се обидуваат да го надминат светскиот рекорд, 319.
Еден од нив, Бени Васерман, 81, ги собрал сите во Лос Анџелес за да собере пари за „Училиштето на тркала“, едукативна програма за деца бездомници.
Сегашниот светски рекорд од 319 Ајнштајни беше поставен од страна на учениците од „Black Pine Circle School“, Беркли во Америка во март.
На 6 март беше 100-годишнината од теоријата на релативитетот на Ајнштајн.
Физичарот ја добил Нобеловата награда за физика во 1921 година.
Ајнштајн бил во посета на Америка, кога Адолф Хитлер дошол на власт во 1933 година.
Како евреин, следствено, тој не се вратил во Германија и станал американски државјанин во 1940 година. Наспроти неговата теорија за релативитетот, Ајнштајн исто така, се занимавал со истражување на атомска бомба, но подоцна ја нагласил опасноста од нуклеарното оружје. Ајнштајн бил син на инженер и работел како професор.
Неговото име е синоним за генијалност, а неговиот живот е интересен како на професионален, така и на личен план.
Погледнете го видеото, веруваме дека ќе се изненадите барем од еден факт!