Поврзаност помеѓу спиењето и употребата на алкохол и марихуана кај тинејџерите

Истражувачите проучувале 2 538 адолесценти од 16 средни училишта во Јужна Калифорнија во периодот помеѓу мај 2013 и април 2014 година. Тие откриле дека тинејџерите кои пријавиле проблеми со спиењето, имале 55% повеќе шанси за користење на алкохол или марихуана во претходниот месец. Поврзаноста помеѓу спиењето и употребата на алкохол или марихуана била постојана, дури и по контролата на други познати ризик-фактори, како што е депресијата. Резултатите, објавени во списанието „Sleep Health“, главно се конзистентни кај сите расни и етнички групи.

„Подоброто разбирање на поврзаноста помеѓу спиењето и употребата на алкохол и/или марихуана е особено важна за родителите, училиштето, како и сите други вклучени во напорите за превенција на употребата на алкохол и дрога за оваа возрасна група“, вели Венди Троксел, главен автор на истражувањето.

Истражувачите нагласуваат дека иако поврзаноста е постојана, не може да се утврди причината и ефектите без дополнителни истражувања. Истражувачите моментално собираат дополнителни податоци од долгорочни истражувања за да проучат дали проблемите со спиењето ја предвидуваат или доведуваат до употребата на дрога и/или марихуана кај тинејџерите.

Што се однесува до спиењето, истражувачите препорачуваат стратегии на индивидуално ниво, како и политики за подобрување на сонот кај адолесцентите. На пример, часовите во училиште да започнуваат подоцна, што е препорачано и од Американската академија за педијатрија и други професионални организации.

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,762денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.