Научниците од Универзитетскиот колеџ во Лондон и Универзитетот во Единбург дошле до важни информации додека проучувале 16 студии во кои учествувале 163.000 лица.
Имено, тие ја проучувале вознемиреноста и влијанието на загриженот кај пациенти болни од рак. Кај лицата кои чувствувале стрес поради нивната дијагноза, ризикот од смрт како резултат на нивната болест бил повисок за 32% во споредба со останатите.
Кај лицата со одредени видови на рак, тој процент бил и поголем. На пример, кај лицата кои страдале од леукемија ризикот бил 4 пати поголем, додека кај луѓето со рак на панкреасот и простатата, ризикот од смрт бил повисок за два пати.
“Нашите наоди покажуваат дека посиромашното менталното здравје има негативно влијание врз одредени болести”, вели водечкиот авторот на студијата Д-р. Дејвид Бети.
Претходните студии покажуваат дека стресот најголемо влијание има врз срцето, но до сега не беше познато дали неговата елиминација може да помогне при лекување од рак.
Научниците ги проучувале учесниците 9,5 години, а особено ја контролирале нивната ментална состојба, врз основа на што заклучиле дека позитивниот став може да помогне при лекување од рак.