Позитивните мисли го зајакнуваат имунолошкиот систем

За моќта на позитивното размислување е кажано многу, но науката во новото истражување продолжува да потврдува колку корист овој начин на размислување може да придонесе за нашето здравје.

Научниците од Оксфорд и Екстер во нивната студија покажале како негативните мисли можат да бидат штетни, додека позитивните го забавуваат пулсот и го зајакнуваат имунолошкиот систем.

Тие посебно ги проучувале мислите што луѓето ги имаат за себе и за другите луѓе. Ако ние не сме премногу самокритични и имаме добро мислење за себе, полесно ќе можеме да се справиме со тешки ситуации.

Во истражувањето учествувале 135 луѓе кои биле поделени во 5 групи. Научниците им пуштале одредени аудио снимки и упатства. Притоа им го мереле пулсот и го бележеле количеството на пот. Испитаниците морале да одговараат како се чувствуваат во текот на таа постапка.

Ги прашувале дали се чувствуваат сигурно, дали имаат добри мисли и во која мера се поврзани со останатите луѓе. Едни слушале снимки кои поттикнувале сочуство и позитивни мисли за себе, додека останатите слушале снимки кои кај нив предизвикувале критички мисли.

Испитаниците од двете групи беа охрабрени да бидат љубезни кон себе и со тоа покажале и повеќе сочувство и поврзаност со другите луѓе. Во исто време, тие биле опуштени и се чувствувале безбедно, а нивниот пулс бил побавен.

Испитаниците од останатата група кои случале критички гласови чувствувале немир и закана, со што дошло до зголемен пулс и потење.

Лидерот на студијата Д-р Анке Карл вели дека студијата помага во разбирањето на механизмите кои се случуваат кога сме добри кон себе во тешки ситуации. На таков начин се подобрува имунолошкиот систем.

Истражувањето е објавено во списанието Clinical Psychological Science.

Поддржете ја нашата работа: