Празен стомак – празен паричник

Гладта ќе ја зголеми вашата потреба да купувате повеќе, не само храна туку и други предмети.

Истражувањето е објавено во списанието „Proceedings of the National Academy of Sciences’’.

Едно од истражувањата било направено за да одреди како учесниците од две групи, ќе се однесуваат кон обични канцелариски материјали. Учесниците од едната група биле замолени да не јадат најмалку четири часа пред истражувањето. Потоа, на двете групи им била дадена можност да земат колку сакаат парчиња од понудениот канцелариски материјал. Учесниците кои биле гладни избрале 70% повеќе продукти од учесниците кои биле сити.

Гладните купувачи трошат 64% повеќе пари

Во второто истражување, истражувачите ја испитувале врската помеѓу вистинското купување во трговки центар и степенот на глад на купувачите. После „шопингот“, купувачите биле анкетирани и била направена анализира на тоа што купиле во даден  временски период. Утврдено е дека гладните купувачи потрошиле 64% повеќе пари од тие што не биле гладни.

„Затоа, не одете во „шопинг“ гладни, бидејќи може да потрошите повеќе пари и да купите работи што инаку не би ги купиле. Или, како алтернатива, ако сте гладни, а треба да купувате, двапати размислете пред нешто да купите“- велат истражувачите.

 

 

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

 

 

Поддржете ја нашата работа: